Повторно доделени стипендии од компанијата КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола

21.05.2021

Компанијата КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола четврта година по ред доделува стипендии за студенти од Техничкиот Факултет- Битола и Економскиот факултет-Прилеп при Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола, кои како активности, се реализираат преку Центарот за кариера, алумни и доживотно учење при УКЛО кој претставува мост меѓу студентите, Универзитетот и бизнис заедницата и своевидна врска за нивно взаемно препознавање за професионален развој.
Имено, секоја година 5 студенти кои ги исполнуваат критериумите дефинирани од компанијата и универзитетот, добиваат по 60.000 денари, средства кои компанијата ги обезбедува за секој од студентите за да ги награди за нивната заложба во текот на студирањето и определбата за континуирано учење.
 „Се надеваме дека на овој начин придонесуваме за професионалниот развој на студентите. Доколку повеќе компании го следат овој пример, ќе помогнеме заеднички за развој на што поголем број на професионалци кои ќе бидат подготвени да ги започнат своите кариери во некоја од компаниите во државата, па и во регионот. Должноста на нас, поискусните, е да им овозможиме на помладите да има од каде (и од кого) да научат и несебично да го споделиме нашето знаење со нив, бидејќи на тој начин придонесуваме кон целокупниот развој на нашата држава.“ – велат од компанијата.
 
Тимот на студенти стипендирани од компанијата КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола се збогати за уште двајца нови стипендисти кои  покрај тројцата студенти од претходната година ќе добијат стипендија од компанијата. Веруваме дека стипендиите се доделени во  вистинските раце и на младите дами им честитаме и им посакуваме многу среќа и успеси на сите олиња во животот.


Scroll to Top