Гостувачко предавање на проф. д-р Весна Карапетковска-Христова на Институтот за земјоделско инженерство во Кранфилд, Англија

04.05.2021

На 21.04.2021 проф. д-р Весна Карапетковска-Христова одржа on-line предавање на настанот насловен „Технологија на мед”, организиран од страна на IAgrE (Institution of Agricultural Engineers), Cranfield, Bedfordshire, UK. На настанот, покрај учеството на предавачи од петте партнерски институции (Russell Finex Ltd; Intertek Food Services; University of Bologna; The Federal Polytechnic, Ado-Ekiti; University St. Kliment Ohridski – Bitola) учество зеде и претставничка на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Проф. д-р Весна Карапетковска – Христова, вонреден професор на Факултет за биотехнички науки – Битола, единица на УКЛО, во улога на предавач, со свое излагање и презентација се осврна на традиционалното и одржливо пчеларство во Македонија и ги запозна присутните со современите текови во пчеларството во нашата земја. 


Scroll to Top