На УКЛО создадени можности и студентите со попреченост да живеат во студентски центар

01.04.2021

На 1.04.2021 година, во студентскиот дом „Кочо Рацин“ придружна членка на УКЛО пуштен е во употреба сместувачки центар за студенти со попреченост.   Капацитетот од 15 легла е комплетиран со посебна читалница и кујна, со што  студентскиот дом од Битола е единствен во државата со ваков важен објект. Станува збор за комплетно реновиран простор, дел од проектот „Изградба на инфраструктура за социјална инклузија во Пелагонискиот регион“.

На пригодниот настан покрај министерката за образование и наука Мила Царовска и министерот за локална самоуправа Горан Милевски, присуствуваа и амбасадорката на Швајцарија Сибил Сутер, градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, како и директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион Гого Видимче.

Проректорот за наука, проф. д-р Игор Неделковски, од името на УКЛО ги поздрави иницијативите за инклузивност на студентите на УКЛО и рамноправниот пристап за сместување, со посебно задоволството дека ова се случува на нашиот Универзитет и особено затоа што, според директорот на Домот, Соња Карапец се создадени можности и студентите со попреченост да живеат во студентски центар.

Инаки, УКЛО е посебно горд дека со вакви активности од страна на единиците на Универзитетот започнува вистинска примена на Законот за високото образование и сите членови на општеството имаат пристап и можност да студираат.


Scroll to Top