Формиран Прехранбено –технолошки центар за развој на иновативни продукти на ТТФ

01.03.2021

На Технолошко-техничкиот факултет формиран е Прехранбено –технолошки центар за развој на иновативни продукти преку грантовата шема за иновативни проекти, во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“.

Центарот има улога на партнер за компаниите во процесот на развојот на иновативни продукти и/или подобрување на постоечките производи и технологии. Благодарение на софистицираната лабораториска опрема за анализа на прехранбени намирници, услугите на Центарот ќе бидат достапни за дипломирани и актуелни студенти, кои се мотивирани да ги подобрат своите стручни перформанси и кариерен развој.

Воедно, се очекува Центарот да прерасне во стратешки инструмент за поддршка на регионалниот економски развој и конкурентноста во Вардарскиот плански регион преку продлабочување на соработката помеѓу бизнис заедницата од прехранбениот сектор и академската заедница.

На 23.02.2021 посета на ТТФ и на Центарот остварија амбасадорката на Швајцарија во нашата земја, Н.Е. Сибил Зутер Техада, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, градоначалникот на општина Велес Аце Коцевски и раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион д-р Игор Андреев.

 


Scroll to Top