Поинтензивна соработка на УКЛО со Министерството за правда

26.01.2021

Проректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Марјан Ѓуровски оствари работна средба со министерот за правда м-р Бојан Маричиќ. Тие разговараа за воспоставување на соработка помеѓу Министерството за правда и управите и секторите во негови рамки со единиците на Универзитетот. По потпишување на Меморандум за соработка меѓу Министерството за правда и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, што дополнително ќе се реализира, министерот Маричиќ и проректорот Ѓуровски се договорија да се разгледаат можностите за креирање на универзитетска програма за стручно и професионално усовршување за вработените во Управата за санкции, односно во пенетенцијалните установи која би се реализирала со поддршка на меѓународни организации. 

Воедно во претстојниот период ќе се разгледаат можностите за воспоставување на поинтензивна соработка на единиците на Универзитетот со Министерството за правда со посебен акцент на Правниот факултет и Факултетот за безбедност.


Scroll to Top