УКЛО потписник на договор за грант за мобилности во високото образование oд Еразмус+ програмата

23.12.2020

УКЛО и официјално е потписник на договор за грант за мобилности во високото образоование oд Еразмус+ програмата. Договорот е потпишан во рамки на денешната Еразмус+ конференција „Како да се зборува со младите генерации“ на којашто се презентирани анализи за високо образование и новитетите во програмата Еразмус+ 2021-2027.

На конференцијата УКЛО го претставуваше проректорот проф. д-р Марјан Ѓуровски, институционален Еразмус+ координатор. На настанот нагласена е потребата од интернационализација и дигитализација на високото образование со поддршка на Еразмус+, како и воспоставување на трипартитен однос на соработка меѓу високото образование, бизнис заедницата и локалната самоуправа при искористување на фондовите од ЕУ. 

 


Scroll to Top