Продолжува добрата соработка на УКЛО со Националната агенција

04.12.2020

На 4. 12.2020 година, проректорот на УКЛО и институционален Еразмус+ координатор, проф. д-р Марјан Ѓуровски оствари средба со директорот на Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност Марко Ѓоргиевски. На состанокот разгледана е  досегашната академска мобилност на Универзитетот и разгледани се можностите за интензивирање на соработката и поттикнување на поголема Еразмус+ размена на студенти и професори по завршување на пандемијата или со примена на алатките за електронска комуникација.

Договорено е, идната недела УКЛО и Националната агенција за европски образовни програми  да одржат Еразмус+ Форум на којшто ќе се разговара за идните планови и Еразмус + како и механизмите кои се на располагање. Директорот Ѓоргиевски  информира за зголемен буџет од Европската комисија во Еразмус+ програмата.

Активностите што се преземаат  на релација УКЛО и Национална агенција за европски образовни програми и мобилност се во функција на подобрување на севкупните капацитети на Универзитетот и се дел од севкупниот комплексен процес на  интернационализација.


Scroll to Top