Конституирано новото УСС УКЛО и избран претседател

17.11.2020

Дона Петрова, редовен студент на Правниот факултетот со тајно гласање реизбрана е за лидер на студентите на УКЛО. На конститутивната седница, на 11.11.2020 г. покрај успешниот изборот на Претседател и членовина раководството на Универзитетското студентско собрание, избрани се и претставници од студентите во органите и телата на Универзитетот. Претседателот на УСС Дона Петрова и во вториот мандат најавува успешно извршување на функцијата. Таа истакна дека со раководството на УСС и сите студенти на УКЛО ќе ја реализираат Програмата за работан асочена кон поддршка и помош за студентите и интензивирање на студентските активности. Постапката и процедурите за конституирање на Универзитетското студентско собрание на УКЛО (УСС УКЛО), тело на Универзитетот во кое членуваат претставници на студентите од факултетските студентски собранија/студентското собрание на Високата медицинска школа се реализирани во согласност со Законот зависокото образование.


Scroll to Top