За студентите на УКЛО ИТ хаб и Битола старт-ап центар за кариера на ФИКТ

20.10.2020

На 19 октомври 2020 година, на Факултетот за информатички и комуникациски технологии на УКЛО, даден е во употреба реконструираниот дел од зградата на Факултетот со површина од околу 800 метри квадратни.

Станува збор за  дел од проектот ,,Креирање на можности за вработување на младите дипломирани кадри во пограничниот регион – ВРАБОТИ МЛАДИ“ финансиран од Европската Унија и националните фондови на земјите учеснички, во рамки на Програмата за погранична соработка „Грција – Република Северна Македонија 2014-2020“, чија вредност во оваа фаза е 113.000 ЕУР.

Проректорот за наука на УКЛО и  раководител на проектот, проф. д-р Игор Неделковски најави нови инвестиции за едукација на студентите во ИТ Хабот, како место за соработка помеѓу студентите и ИТ индустријата  за интензивирана практична работа, зголемување на шансите за вработување и започнување сопствен бизнис поддржано и  од Битола Старт-ап центарот, што ќе функционира во истиот пртостор.

Ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски најави и други содржини за кариерен развој   на  студентите, а Универзитет ќе им помага бесплатно да ги развиваат своите идеи.

На настанот присуствуваше и заменик министерот Зоран Димитровски кој во својство на претставник од Министерството за локална самоуправа,  информира дека  овој  ресор во проектот учествува со 15 отсто од средствата.  Новиот простор на ФИКТ се очекува да им овозможи на младите информатичари да го збогатуваат знаењето, да се вмрежуваат со индустријата и комапаниите и да помогнат на економија и државата.

 


Scroll to Top