Нови стипендии и вработувања за новите студенти на УКЛО

26.08.2020

На 26 август 2020 година во Ректоратот на УКЛО, ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски и еден од извршните директори на осигурителното друштво SN Осигурителен Брокер АД Битола, Зоран Пејчиновски потпишаа Договор за соработка. 

Во интерес на бруцошите, со Меморандумот   се овозможуваат три стипендии за студенти на насоката осигурување од Факултетот за туризам и угостителство – Охрид со можности за вработување, како и вработување на најдобриот студент од ФТУ.

Ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски изјави дека  УКЛО продолжува со напорите да биде поблиску до бизнис заедницата и да биде општествено одговорен универзитет.

Договорот со  SN Осигурителен Брокер АД Битола како една од најреномираните компании во овој сектор, претставува признавање на квалитетот на УКЛО чии студенти во моментот се стипендираат од уште триесетина фирми и компании. 

На чинот на потпишување на Договорот присуствуваше   раководниот тим на УКЛО  Настанот се одржа со доследна примена на строги безбедносни протоколи за заштита од Корона вирусот.

Инаку, пријавувањето  на кандидатите  на УКЛО во првиот уписен рок започнува утре, 27 август и ќе се реализира  на 31.08 и 01.09.2020, по што запишување на кандидатите ќе се врши на 10 и 11.09.2020. 

Според Конкурсот за упис на нови студенти на УКЛО, во академската 2020/21 година, слободни се 2697 места.


Scroll to Top