Успешно реализиран проект на УКЛО од програмата Еразмус+

17.08.2020

Проектот УЧЕЊЕ2030 во кој еден од носечките партнери е УКЛО, од страна на ЕУ оценет е како „пример на добра пракса“. Станува збор за проект од Еразмус + програмата, Клучна акција 2 – Соработка за иновации и размена на добри практики чиј проектен координатот е проф. д-р Иванка Нестороска од Факултетот за туризам и угостителство – Охрид.

Проектот има цел да го подготви наставниот кадар во високото образование за нивната нова улога во 2030, во согласност со предвидените промени што треба да се случат во образованието меѓу кои и зголементите потреби за индивидуално учење на студентите.

Проектот се реализираше во периодот од 01.09.2017 – 29.02.2020 и неговиот целосен назив е: Подобрување на училниците во иднина – вештини за учење2030.

За високата оценка на проектот и признанието дека е „пример за добра пракса“ може да се прочита објавата на ЕУ:

https://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/projects/eplus-project-details/#project/2017-1-AT01-KA203-034984


Scroll to Top