ПОВИК за аплицирање за мобилност во рамките на ERASMUS+ Програмата Академска 2020/2021

29.07.2020

Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола

 

 ПОВИК

за аплицирање за мобилност во рамките на

 

ERASMUS+ Програмата

Академска 2020/2021

(пролетен семестар)

 

Врз основа на Известувањето од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за резултатите од селекцијата и одобрувањето за финансирање на апликацијата за 2020/2021 година во рамките на Програмата Еразмус+,

 

УКЛО објавува 

 

Повик

За аплицирање за  

мобилност во рамките на Е+ Програмата 

Клучна акција 103: индивидуална мобилност за учење,

Високо образование:

 

- мобилност на студентите за студирање (SMS)

- мобилност на студенти за стажирање (SMP)

- мобилност на академски кадар за настава (ЅТА)

- мобилност на кадри за обука (ЅТТ)

 
Времетраење на мобилноста

1. За студенти: еден семестар (студентите може да реализираат мобилност од збирно 12 месеци по циклус)

2. За кадри: пет работни денови со минимум осум часови настава

За академската 2020/2021, мобилноста на студентите и кадрите треба да се реализира најдоцна до 30 септември 2021 година.

 

Врз основа на потпишаните Е+ интеринституционални договори со партнерски институции од програмските земји, право на пријавување имаат:

 

- редовни студенти на прв циклус (со запишан најмалку трет семестар во моментот на започнување на  мобилноста), втор или трет циклус, за мобилност за студирање, а за стажирање и студенти што дипломирале во годината на објавување на Повикот

- академски и други кадри во редовен работен однос на УКЛО.

 

Студентите и кадрите се пријавуваат на мобилност исклучиво врз основа на договорите потпишани од нивните матични институции.

 

Потребни документи за пријавување на студенти

  • Пополнет формулар за пријавување
  • Потврда за редовен студент
  • Уверение за положени испити
  • CV (Europass формат)
  • Мотивационо писмо

 

Потребни документи за пријавување на кадри

  • Пополнет формулар за пријавување
  • Потврда за редовен работен однос
  • CV (Europass формат)

 

Сите документи се достапни на web страната на УКЛО (www.uklo.edu.mk) во рубриката Меѓународна соработка/Еразмус+.

 

Рок за пријавување (исклучиво за мобилност во текот на пролетниот семестар): 15 октомври 2020.

 

Канцеларија за меѓународна соработка

Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола


Scroll to Top