ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ ОД ПРОГРАМАТА ЛОСТ

27.07.2020
ЕВН Македонија АД, Скопје распишува конкурс за доделување стипендии за студенти од Технички Факултет-Битола при Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, Енергетските насоки на Факултетот за Електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методи“-Скопје, и Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, кои во рамките на семејството имаат месечни приходи помали од 29.000 денари.
Оваа година ќе бидат доделени 10 (десет) стипендии на студенти кои во учебната 2020/2021 се запишуваат по првпат во I, II, III и IV година на Технички Факултет-Битола при Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, Енергетските насоки на Факултетот за Електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методи“-Скопје, и Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.
Стипендијата е во висина од 8.000,00 денари месечно и се доделува за 10 (десет) месеци, со можност за продолжување или за прекин, во зависност од исполнувањето на обврските пропишани во Договорот за стипендирање.
Обврски на корисникот на стипендијата:
- Да ја завршува годината во рок
- Да има положено најмалку 70% од испитите од претходните години за продолжување на стипендијата
- Да извршува пракса во траење од најмалку 30 дена во текот на годината во ЕВН Македонија АД Скопје, односно во Друштвата во кои ЕВН Македонија е единствен содружник и основач
Потребни документи за аплицирање:
- Кратка биографија
- Потврда за редовeн студент
- Потврда дека месечните приходи во рамките на семејството не се поголеми од 29.000,00 ден
- Изјава дека не сте корисник на стипендија или кредит од друга институција или компанија
- Есеј на тема „Мојата иднина како електро-инженер“
Сите потребни документи испратeтe ги на jobs@evn.mk најдоцна до 30.09.2020