УКЛО за студентите - јунска и септемвриска испитна сесија со продолжени рокови

20.05.2020

УКЛО им овозможи на студентите продолжена јунска и септемвриска испитна сесија. На вонредна седница на Управата, во интерес на студентите извршена е измена на Студентскиот календар https://uklo.edu.mk/academic_events/index . На овој начин се овозможува реализација на јунската и септемврсиската испитна сесија во продолжени рокови. Воедно, студентите на УКЛО со една пријава можат да полагаат во два термини. Исто така, во пролонгираните рокови  предвидени се и колоквиумски недели  од:  1.06 - 20.06.2020 и од 17.08 - 22.08.2020.  Според проректорот за настава, проф. д-р Љупче Кочоски, на овој начин се пополнува празнината со „изгубената“ сесија и УКЛО им излегува во пресрет на барањата на студентите.

Студентскиот календар е објавен на веб страницата на Универзитетот: uklo.edu.mk  и на веб страниците од единиците на УКЛО. Студентите со новите поволности за реализација на двете испитни сесии се запознаваат и преку универзитетското радио УКЛО ФМ и УСС.

По усвојување на новиот Студенски календар  УКЛО започна со подготовки за реализација на јунската и септемвриската испитна сесија, соодветно на видоизменетите околности.


Scroll to Top