Далечинска настава на УКЛО - анкета спроведена од УСС

19.03.2020

По најавите за отпочнување со on-line настава заради новонастанатата ситуација предизвикана со вирусот Ковид - 19, УСС УКЛО спроведе анонимна електронска анкета на социјалните мрежи  со цел сондирање на мислењето на студентите.

Близу 1000 студенти се пријавија за многу краток период  и одговараа  на прашања што УСС ги креираше со цел да се слушнат  предлозите од студентите во насока на подобрување на едукативниот процес на Универзитетот којшто во наредниот период ќе се реализира преку  on-line настава.

УСС ги сумираше резултатите  и до УКЛО достави заклучоци  кои според студентите може да го подобрат квалитетот на далечинското учење детектирајќи ги притоа потенцијалните пречки и проблеми  со кои може да се соочат студентите но и академските кадри.

Реактивноста на студентите, нивната отвореност и непосреден активизам наидоа на позитивен прием кај ректорскиот колегиум којшто дел од предлозите и сугестиите ќе ги преточи во препораки до високообразовните институции во составот на УКЛО. Оваа соработка претставува поддршка за Универзитетот во неговите напори да обезбеди непречено одвивање на високообразовниот процес во  видоизменети  услови на функционирање.

 


Scroll to Top