ПРОДОЛЖЕНА СОРАБОТКА СО ЕВН МАКЕДОНИЈА

10.03.2020

Центарот за Кариера, Алумни и Доживотно учење при Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, во рамките на своите активности предвидени со акцискиот план, реализираше уште една успешна активност со компанијата ЕВН Македонија.

Така, денес во просториите на Техничкиот факултет - Битола, студентите од електротехничкиот отсек имаа убава можност поблиску да се запознаат со можностите за изведување на практиканска работа, учество во програмата тренинг, можностите за стипендирање како и вработувањето во реномираната компанија ЕВН Македонија.

Ваквата можност беше надополнета со присуството на Сашо Стојкоски, член на УО на ЕВН Македонија, Маја Симоновска од одделот за човечки ресурси и нашиот студент Илијан, кој после дипломирањето својата кариера успешно ја гради во КЕЦ Битола.

Имено, ваквата соработка започната е уште пред десетина години, кога е потпишан меморандум за соработка помеѓу овие 2 институции. Во овој изминат период доделени се повеќе стипендии за студентите од електротехничкиот отсек, исто така голем дел од нашите студенти вклучени се во сите програмите на компанијата.

Како резултат на вака успешната соработка, компанијата одлучи да додели уште една стипендија за студентите на Техничкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола во рамките на програмата ЛОСТ.

Имајќи го предвид задоволството на претставниците на компанијата од квалитетот на нашите студенти, како и интересот на присутните студенти за компанијата и нејзините програми, која реузлтираше со отворени прашања, дава сигурност за успешно спроведување и продлабочување на веќе воспоставената соработка.


Scroll to Top