Меморандум за соработка помеѓу УКЛО и Универзитетот од Белград

28.02.2020

Ректорите на двата универзитети, Сашо Коруновски и Иванка Поповиќ потпишаа Меморандум за соработка и ја искажаа подготвеноста за  реализација на заеднички  активности и програми за размена на наставен кадар, студенти, учество во истражувачки проекти и други форми на академски собири, посебни краткорочни академски програми, програми за професионално усовршување и други области од заеднички интерес. Ова се дел од можностите за соработка што ги содржи документот потпишан на 27.02.2020 година во Скопје, на Факултетот за безбедност-Скопје, каде е потпишан Меморандумот, а ректорката Поповиќ одржа и предавање  на тема „Истражување и иновации за квалитет и релевантност во високото образование и можности за студентите”.

Ректорот Коруновски изјави дека најмногу ќе се разработуваат истражувачки проекти од програмата Еразмус кои даваат можност за соработка во развивање заеднички студиски програми и за истражувачки проекти.  Неговата колешка Поповиќ изрази подготвеност  за унапредување на соработката со акцент на регионалната, за што Ректорскиот форум на ЈИЕ и Западен Балкан отвора простор за поблиски релации, бидејќи регионалната соработка е исклучително важна.

Специфичните области за конкретна соработка меѓу двата пријателски универзитети ќе бидат договорени денеска на средбата што двајцата ректори со нивните тимови ќе ја одржат во седиштето на УКЛО.

Ректорот на Универзитетот во Белград, проф. д-р Иванка Поповиќ  реализира неколкудневен престој во земјава. Официјалната посета по престојот во Битола се заокружува во Охрид.

https://mia.mk/popovi-merilo-za-demokrati-ata-na-edno-opshtestvo-e-kakva-e-avtonomi-ata-na-eden-univerzitet/


Scroll to Top