ЗАКОН ЗА ПРАКТИКАНСТВО И МЕРКИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

27.02.2020

Во рамките на редовните активности кои ги презема Центарот за Кариера, Алумни и Доживотно учење (КРЕДО центар) при Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, а во насока на поблиско запознавање на студентите со тековите во општеството, во изминатиот период беа организирани 2 настани кои беа наменети за промоција на Законот за практиканство и мерките за вработување.

Ваквите активности, беа во коорганизација со Општина Битола, Агенцијата за вработување на Република Македонија, Младинскиот Културен Центар од Битола и Универзитетско студентско собрание.

Настаните се одржаа на 24.02.2020 г. за студентите од Правниот факултет Кичево, дисперзирани студии во Битола и на 26.02.2020 г. за студентите од Факултетот за Информатички и Комуникациски Технологии-Битола.

Покрај претставниците од Центарот за Кариера, Алумни и Доживотно учење (КРЕДО центар) при Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, своја презентација имаа и директорот на Младинскиот Културен Центар од Битола, г-нот Златко Талевски кој детално го образложи и објасна Законот за практиканство, како и можностите и обврските на компаниите и студентите, како и директорката на Агенцијата за вработување на Република Македонија,  г-ѓата Јешим Сејфуловска, која ги презентиташе можностите и начините како може нашите студенти да ги искористат програмите кои како мерки за вработување ги нуди агенцијата.

Ценејќи според отворената дискусија, настанот предизвика голем интерес кај студентите, што како повод не обврза да се организираат и други вакви настани и на останатите единици на универзитетот.


Scroll to Top