РЕКТОРОТ КОРУНОВСКИ - ПРЕТСТАВНИК ОД УКЛО ВО СОБРАНИЕТО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА

21.02.2020

Управниот одбор на Стопанската комора на Република Северна Македонија на седницата одржана на 11.02.2020 година донесе одлука за утврдување на 25 членови во Собранието на комората. Во новиот, реномиран состав, ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски е избран како претставник на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Верификацијата на мандатот на новоизбраните членови се случи на конститутивната седница на Собранието, одржана на 19 февруари 2020.

Членството на ректорот на УКЛО доаѓа како потврда на добрите интеринституционални релации коишто во секојдневното работење отвораат можности за соработка во различни  области од заеднички интерес. Моментално, во подготовка се и две проектни апликации во рамките на европските ИПА и Еразмус+ програми во коишто, покрај грчките партнери и меѓународните конзорциуми, Стопанската комора и УКЛО се јавуваат како проектни партнери од македонска страна.

Меморандумот за соработка датира од декември 2019 година а по повод Патрониот паразник на УКЛО го потпишаа проф. д-р Сашо Коруновски и претседателот на Стопанската комора на Македонија, г-дин Бранко Азески во присуство на комплетното раководство на Универзитетот и значајни претставници од бизнис заедницата од Пелагонскиот  регион.

Притоа, УКЛО и Комората ја  искажаа подготвеноста за соработка во функција на економскиот развој, подобрувањето на квалитетот на работната сила, вработеноста и други значајни домени.


Scroll to Top