Благодарница од Американскиот образовен центар

19.02.2020

Во рамки на одбележувањето  15 години од работењето на Американското катче (Американски образовен центар) во Скопје, од името на УКЛО на настанот присуствуваше проректорот, проф.д-р Марјан Ѓуровски. На  свеченоста меѓу другото беше истакната успешната  реализација на НАТО клубот со Факултетот за безбедност-Скопје во Американското катче. Воедно, за досегашната успешна соработка со американскиот образовен центар врачена е пригодна благодарница.

Наскоро,  УКЛО и Американскиот образовен центар ќе започнат реализација на нов проект:  “Клуб на креатори за јавни политики” со учество на студенти од сите единиците на Универзитетот. Воедно, академската заедница на УКЛО ќе биде запознаена со можностите за стипендирање и усовршување на професори и студенти во САД.


Scroll to Top