Одржана првата студентска дискусија на УСС УКЛО

19.02.2020

Првата од серијата панел дискусии во организација на Универзитетското студентско собрание на УКЛО „Предизвиците на студентите на УКЛО“ предизвика силен интерес и внимание.

Панелистите: Дона Петрова, Михајло Најдески, Филип Петрески и Анета Трајковска поттикнаа плодна дискусија. Студентите од УКЛО говореа за своите проблеми, изнесуваа ставови и мислења за унапредување на правата, поголема вклученост и поактивно позиционирање во градењето партнерски однос со академскиот кадар, Универзитетот  и  во општествoто, особено во процесот на донесување одлуки.

Најавената серија панел дискусии според Дона Петрова, претседател на УСС УКЛО треба да помогне во детектирање на реалните предизвици и нивно успешно совладување, со цел студентите да остваруваат плоден, исполнет и побогат студентски живот кој освен редовните факултетски обврски ќе се исполнува со забавни содржини, рекреација и инспиративни и корисни воннаставни активности.

Панел дискусијата се одржа во НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола на 18.02.2020.


Scroll to Top