ПРОДОЛЖУВА СОРАБОТКАТА МЕЃУ УКЛО И ФОНДАЦИЈАТА „КОНРАД АДЕНАУЕР”

18.02.2020

Проректорот на УКЛО, проф. д-р Марјан Ѓуровски оствари средба со новиот в.д.директор на фондацијата Конрад Аденауер за Република Северна Македонија и Косово, Норберт Бекман Диркесом. Потврдено е понатамошно продолжување на заеднички проекти со УКЛО и поддршка во реализација на взаемни програмски активности.

На средбата стана збор за успешна реализација на Летен Универзитет 2020 како регионална школа со учество на студенти и професори како и  поддршка на Скопје Форум за безбедност 2020, како и спроведување на научно-истражувачкиот проект „Индекс на безбедноста”

Благодарност за досегашната соработка од име на ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски и УКЛО,  проректорот  Ѓуровски изрази до досегашниот директор Јоханес Раи.


Scroll to Top