ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА ,,ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ И ЕРАЗМУС + ПРОГРАМАТА“

11.02.2020

Во рамки на работилницата на тема ,,Интернационализација во високото образование и Еразмус+ програмата“ со претставници од Националата агенција за европски образовни програми и мобилност, разгледани се можностите од Програмата, во контекст на најновиот повик за аплицирање во клучните акции поврзани со академската мобилност. 

На настанот учество зедоа продекани за меѓународна соработка и за настава, Еразмус+ координатори, академски кадри и студенти од УКЛО кои покажаа интерес за новините и начините за поголемо искористување на можностите  во оваа европска образовна програма.

Според проректорот, проф. д-р Марјан Ѓуровски, Институционален Е+ координатор на УКЛО, активноста е во функција на подигнување на капацитетите на УКЛО во наредниот период. Покрај инфо-денови и обуки на единиците поврзани со Програмата, тој најави и подобрување на интернационализацијата на Универзитетот и подобрување на видливоста на УКЛО.

Претставникот од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Астрит Реџепи, ги претстави бројните можности на Програмата и зголемениот буџет.

На Работилницата беа презентирани интересни искуствата од реализирани академски и студентски мобилности.


Scroll to Top