Потврдена соработката на УКЛО со Националната агенција

20.11.2019

На 19.11.2019 Протекторот на Универзитетот “Св.Климент Охридски” Битола и институционален Еразмус + координатор проф. д-р Марјан Ѓуровски оствари посета на Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност каде имаше средба со Директорката Лидија Димова. На состанокот стана збор за досешната академска мобилност на Универзитетот со интензивирање на соработката и поттикнување на поголема Еразмус + соработка и размена на студенти и професори. На почетокот на следниот месец ќе се реализира Еразмус + Форум на кој ќе се разговара за идните планови и Еразмус + како и механизмите кои се на располагање со координаторите на единиците, универзитетската канцеларија, продеканите за настава, меѓународна соработка и др. Истиот ден ќе се одржи настан Еразмус + ПРОМО. Покрај тоа ќе се  започне со формирање на Еразмус + Алумни на УКЛО. На средбата меѓу другото е договорено во месец Февруари да се организира Еразмус + работилница за професори и студенти во Битола.


Scroll to Top