ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ПОБЛИСКУ ДО УКЛО

18.11.2019

За студентите од УКЛО се отвораат вратите на Европскиот парламент за позасилена мобилност, волонтирање за време на студирањето и посета на другите европските институции. Ова е една од можностите договорена на средбата со европскиот пратеник Ирена Јовева од Република Словенија со проректорот, проф. д-р Марјан Ѓуровски. Покрај ова, разговарано е и за начините за развивање на идна академска соработка со институции од Република Словенија и другите членки од Европската Унија.

Европратеничката со македонско потекло, Ирена Јовева во нејзината прва посета на земјава како европски функционер пренесе дека Северна Македонија не смее да се откаже од европската иднина. Ова меѓу другото го истакна и пред студентите  во нејзиното излагање на тема: „Проширувањето на ЕУ и земјите од Западен Балкан пред нови предизвици“.

Таа истакна дека во институциите на Европската Унија постои можност за волонтирање и стажирање и за студентите од Северна Македонија, како и за оние што се неодамна дипломирани. Сега во Европскиот парламент има двајца студенти од нашата држава, а исто и во Европскиот совет.

Предавањето на европскиот пратеник Ирена Јовева  се одржа на 14.11.2019 година, на Факултетот за безбедност-Скопје.


Scroll to Top