ГОСТУВАЧКО ПРЕДАВАЊЕ JONATHAN BANKS

11.11.2019

Континуираната соработка помеѓу Универзитетот Св. Климент Охридски – Битола и Американската амбасада – Скопје којашто во изминатиот период успешно се реализира преку различни активности, продолжува и во тековната година.

Една од многубројните заеднички активности е и предавањето на господинот Jonathan Banks, експерт и говорник коj доаѓа од САД и чие поле на експертиза е изнаоѓање иновативни решенија и користење технологии во борбата против климатските промени.

Гостувачкото предавање ќе се одржи на 13 ноември 2019 година, на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, со почеток во 11.30 часот.


Scroll to Top