ФРАНКОФОНСКА ОБУКА ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

05.11.2019

На Правниот факултет од 4 11. 2019 година  се одржува петдневна стручна франкофонска обука на тема „Европскиот суд за човекови права: идни предизвици и тенденции”.

Обуката е дел од проектот за кратки стручни обуки поддржан од Универзитетската франкофонска агенција (АУФ) чиј член е и УКЛО. На обуката која трае до 09 ноември 2019 година обучувачи се Маргарита Цаца Николовска поранешен судија во Судот за човекови права во Стразбур, м-р Елена Цуцулоска Јакимовска, д-р Ангелина Станојоска,  д-р Мирјана Ристовска и  г-дин Себастијан Ботро Бонтер, експерт од Франција.

Во рамките на овој проект е одржан и модул по стручен француски јазик за нивелирање на познавањата по француски јазик на претходно селектираната група студентит-слушатели на обуката. Модулот го водеше доц. д-р Милена Касапоска-Чадловска, професор по француски јазик.

На отворањето на обуката покрај  студенти и академски кадар  учество зедоа  и  ректорот на УКЛО, д-р Сашо Коруновски,деканот на Правниот факултет, проф. д-р Горан Илиќ и Калиопа Кривашија-Стилиновиќ,  во својство на претставник на Француската амбасада.


Scroll to Top