УКЛО ги негува културните вредности Проекција на филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“

04.11.2019

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола за студентите и академскиот кадар организира кино-проекција на филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ од Теона Митевска,  еден од трите финалисти за филмската наградата „Лукс“.

Прикажувањето е во среда, 06.11.2019 год. во 20 часот во Центарот за култура - Битола.

Проекцијата на „Господ постои, името ѝ е Петрунија“  е во знакот на LUX film days Европа, 6-8 ноември, а Центарот за култура - Битола е единственото кино во нашата држава кое ќе се вклучи во симултаните филмски прекции кои ќе се случат од 6-8 ноември во 25 избрани кина од 20 европски земји, во идентичен тајминг.


Scroll to Top