Нови проректори на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ - Битола

03.10.2019

Ректорската управа на Универзитетот „Св.Климент Охридски„  - Битола, на предлог на ректорот проф. д-р Сашо Коруновски, врз основа на новиот Закон за високото образование, на тајно гласање едногласно донесе одлука за избор на четири  нови проректори на Универзитетот:

 

 

Проф. д-р Гордана Трајкоска, проректор за финансии и развој (биографија)

Проф. д-р Љупче Кочоски, проректор за настава (биографија)

Проф. д-р Игор Неделковски, проректор за наука (биографија)

Проф. д-р Марјан Ѓуровски, проректор за студентски работи (биографија)

Со ова е комплетиран тимот на новиот универзитетски ректорски менаџмент кој има мандат од три години. 

Основна задача на новите проректори предводени од ректорот Коруновски е реализација на квалитетен и сеопфатен наставно-образовен процес преку којшто се едуцираат младите кадри во квалификувани и компетентни стручњаци препознатливи на националниот и меѓународниот пазар на труд, но и поврзување, интеракција на тој процес со квалитетен научно-истражувачки и апликативно-истражувачки процес во функција на потребите на опкружувањето.


Scroll to Top