КОНКУРС ИСТРАЖУВАЧКИ ТРУД И ЕСЕЈ 2019/2020

17.10.2019
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола распишува Конкурс за најдобар
I. ИСТРАЖУВАЧКИ ТРУД
II. ЕСЕЈ
Критериуми и услови:
Право на учество на Конкурсот имаат студентите запишани на прв циклус студии во академската 2019/2020 година.
Студентот има право да конкурира за:
- најдобар истражувачки труд
- најдобар есеј
Студентот има право со посебни трудови истовремено да конкурира и за истражувачки труд и за есеј.
Eсејот се изработува исклучиво на тема:
Студенстско ангажирање, развој, поврзување
Истражувачкиот труд се изработува по слободен избор.
Начин на доставување на трудовите:
Трудот односно есејот се доставува во електронска форма на следната е-адреса: istrazuvackitrudiesej2019@uklo.edu.mk
На трудот не смее да бидат наведени податоци за студентот, а се наведува само насловот и шифрата под која се пријавува истражувачкиот труд, односно есејот.
Истражувачките трудови и есеи се доставуваат најдоцна до 31. 10. 2019 година.
Оценување:
Истражувачките трудови и есеите ќе ги оценуваат посебни Комисии. Критериумите, методолошкиот пристап и упатствата за изработка на истражувачките трудови и есеи се преземаат на следните линкови:
За најдобрите есеи и истражувачки трудови се доделуваaт плакети и парични награди.
Поблиски информаци на телефон: 047 223 788 локал 109 или на
elizabeta.atanasoska@uklo.edu.mk