Balkan Med

БалканМед Програмата 2014 – 2020 е алатка креирана за зајакнување на транснационалната соработка, преку споделување знаења и искуства, подобрување на јавните политики и вмрежување помеѓу националните, регионалните и локални авторитети и други територијални учесници од целата област на Балканот и Медитеранот. Програмате е фокусирана на два приоритети и тоа: Претприемништво и иновации и Животна средина и за истата е предвиден вкупен буџет (заедно со националниот придонес) во износ од 39 727 654,00 евра, од коишто 33 456 246,00 евра се ЕУ поддршка.

Официјален линк на Програмата: https://www.interreg-balkanmed.eu/

Список со национални контакт лица за Програмата: https://www.interreg-balkanmed.eu/com/25_National-Coordination-Points

Преглед на проекти реализирани на УКЛО во рамки на ИПА Програмата за прекугранична соработка со РГрција (Преземи).

Процедура на УКЛО за поддршка и реализација на проекти (Преземи).