ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ АПЛИКАЦИИ ЗА МОБИЛНОСТ СО ВИСОКООБРАЗОВНИ ИНСТИТУЦИИ ОД ТРЕТИ ЗЕМЈИ – КА171

На Повикот од Европската Комисија и нашата Национална агенција, УКЛО и оваа година има можност за аплицирање на проекти за мобилност во рамките на Клучната акција 1 (индивидуална мобилност во високото образование) со високобразовни институции од трети земји – third countries not associated to the Programme – организирани во неколку лотови (Прилог 1).

Заради транспарентност на процесите, би сакале да ги споделиме веќе познатите информации во врска со оваа клучна акција што се дадени во најновото издание на Водичот за Е+ (издаден во ноември 2023 и се однесува на Повикот на ЕК за аплицирање со краен рок 20 февруари 2024, а можни се и нови поскорешни верзии). Притоа, за полесно следење на истиот, ве повикуваме да обрнете посебно внимание на делот посветен на меѓународната мобилност што вклучува високообразовни институции од третите земји што не се асоцирани во Програмата – International Mobility Involving Third Countries not Associated to the Programme, односно делот од 35 до 38 страница.

Исто така, со цел вашите иницијативи да се земат предвид во заедничката апликација што УКЛО би ја поднел, ве молиме за КВАЛИТАТИВЕН И ТЕМЕЛЕН ИНПУТ во врска со најважните моменти што ја оправдуваат иницијативата и нејзината важност за вашата единица во насока на подобрена соработка, меѓународна видливост и целокупна интернационализација на академската понуда во соодветните области, согласно барањата на апликациониот формулар (Прилог 2), во согласност со приоритетите и принципите на Еразмус програмата и УКЛО. Партнерите ќе имаат обврска да се регистрираат и добијат Oрганизациски Идентификациски Број (OID) а треба да се користи distance calculator-от за пресметките на буџетот. Секако, треба да се наведат и број на излезни и влезни мобилности по категории студенти и кадар.

Придонесот од вашите единици, според рубриките на апликациониот формулар, очекуваме да го добиеме од Е+ координаторот на вашите единици НЕ ПОДОЦНА ОД 17 февруари 2024 за да може да се земе предвид во заедничката апликација.

Во очекување на вашите издржани и добро образложени иницијативи, ви стоиме на располагање за евентуални прашања/дилеми/нејаснотии erasmus@uklo.edu.mk.