Почетна/Единици/Придружни Членки/ЈНУ Хидробиолошки Завод-Охрид

ЈНУ ХИДРОБИОЛОШКИ ЗАВОД – ОХРИД

Хидробиолошкиот завод спаѓа во редот на најстарите научни установи, формиран  уште во далечната 1935 година како единствена научна институција од ваков вид на поширокиот Балкански простор. Со основањето на Универзитетот во Битола во 1979 година станува потписник на Спогодбата за здружување во Универзитетот.
Организационата структура на оваа јавна научна установа опфаќа лаборатории, заеднички служби и библиотека. Основната дејност , биолошките дисциплини , се одвиваат во неколкуте лаборатории:
за микробиологија, за фитопланктон, за зоопланктон, за циприниди, за  фауна на дно, лабораторија за практично рибарство со мрестилиште, за хидроботаника, за хемизам на вода, за паразитологија, за молекуларна биологија.

Контакт:

  • Ул.”Наум Охридски” бр. 50
  • Охрид
  • Тел:    + 389 (0) 46 231 050
  • Факс: + 389 (0) 46 262 910
  • Web page : http://www.hio.edu.mk/