COLOURS2024-05-30T11:55:52+02:00

Добредојдовте во Европската универзитетска алијанса COLOURS (COLlaborative innОvative sUstainable Regional univerSities) односно КОЛОРС (Колаборативни Иновативни Одржливи Регионални Универзитети).

Активностите во Алијансата се дизајнирани за тоа сите нови пилот-концепти во истражување, настава, учење и соработка со стејкхолдери, да се издигнат на ниво на практики на мнозинството како на ниво на нашата држава, Западен Балкан и ЕУ, така и глобално. Алијансата значи географски регионален напредок преку поврзани партнери коишто го заживуваат целиот свој екосистем екстерно, и ги унапредуваат своите капацитети интерно. Трансферзалата на соработка е со три карактеристики: академска искучителност, иновативни предавања и учење, стекнување широки квалификации за студентите, истражувачите, кадарот и стејкхолдерите.

Апликацијата на Алијансата беше успешна и добиен е грант од Европската комисија за следните четири години во вкупен износ од приближно 14 милиони евра. КОЛОРС е една од 50 Алијанси на европски универзитети низ Европа.

Заедно членовите на Алијансата претставуваат повеќе од 126.000 студенти и приближно 12.300 вработени.

Партнери во Алијансата се:

Мисијата на Алијансата е: креирање начини за диверзифицирана (разнобојна) Европска Образовна Област (COLOURful European Education Area) и системска трансформација на високообразовните системи, со преку над 35 проекти за отворено образование кои би се интегрирале во универзитетските курикулуми, со иновативни “трансформациски циклуси”како и преку мобилности. Со цел да се отстранат бариерите за учење на студентите и кадарот, да се унапреди пристапот до квалитетно образование за сите без оглед на социоекономски профил, националност, пол или возраст и да се воспостави академска исклучителност во социјалните и технолошките иновации низ Европа со очекувани ефекти и во унапредување на вработливоста на студентите на пошироко ниво. Начините на кои ќе дејствуваат агентите на трансформација би вклучиле научноистражувачки и воспитнообразовни активности кои се водени од предизвици и импакт (“challenge- and impact- driven” а не само “topic-driven”. Сето ова преку трикратна транзиција – социоекономска, дигитална, зелена.

Read more….

МОЖНОСТИ И ОТВОРЕНИ ПОВИЦИ

СТУДЕНТСКИ ИЗРАБОТКИ

loading...
Go to Top