На 22 септември 2023 г. УКЛО со свои студенти учествуваше во завршните активности во рамки на Европската недела на мобилност (EMW-European Mobility Week).
На едно место, со заедничка активност во Градскиот парк Битола, УКЛО и пријателите одржаа масовен настан под мотото „ДЕН ЗА ВЕЛОСИПЕД”.
Во активноста, на студентите од УКЛО им се приклучија ученици од училишните сообраќајни единици од основните училишта и гимназијалци. Со нивниот личен пример тие се вклучија во подигање на свеста за користење алтарнативни средства за сообраќај и помогнаа во јакнење на пошироката кампања: да се фаворизираат немоторизираните начини на транспорт и сообраќај со што се постигнува поголема безбедност и поголема сообраќајна култура.
Интересниот настан е заокружен со доделување пофалници и благодарници, а целата програма беше збогатена со друштвени игри и забава.
Како што е познато, бројните активности во рамки на Европската недела на мобилност започнаа на 21 септември 2023 г. Тие се успешно одржани благодарение на пријатели на УКЛО меѓу кои: МВР-СВР Битола, Народна техника Битола, YMKA Битола, Велосипедски клуб Пелистер 15 МАЈ , Црвен крст Битола, Општинските совети: за безбедност на сообраќајот на патишта и за превенција од детско претстапништво, Националната мрежа за спорт и млади, во соработка со училишни сообраќајни единици од основци и средношколци од повеќе битолски училишта, потпомогнати од јавните претпријатија Стрежево и Комуналец. Меѓу поддржувачите и учесници на настанот беа Македонско-Американската алумни асоцијација, Europe House Bitola Podcast Corner и Американското катче Битола.
УКЛО во EMW учествува по шести пат и прв пат како организатор за омасовување и сензибилизација на идејата за мобилност во сообраќајот кај студентите и другите учесници.