Универзитетот ,,Св.Климент Охридски“ – Битола на 23.02.2023 г.организираше гостувачко предавање на г-нот Ерик Мејер, заменик шеф на мисија во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје и во моментот заменик амбасадор на САД во Република Северна Македонија.
Тој пред студентите говореше на тема ,,Предизвикот на дипломатската кариера“. При тоа се осврна на неговото дипломатско искуство, на предизвиците на дипломатијата и на дипломатијата како вештина. Господинот Мејер посебен акцент стави на поддршката што САД ја даваат на Република Северна Македонија за нејзината евроатланската интеграција и воедно одговараше на прашања од студентите.
Настанот, на кој присуствува проректорите УКЛО: проф. д-р Горан Илиќ и проф. д-р Jасмина Буневска – Талевска е организиран како резултат на плодната соработка што УКЛО ја има со Амбасадата на САД.