Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола

 ПОВИК

за аплицирање за мобилност во рамките на ERASMUS+ Програмата

 

Врз основа на обновената Повелба за високо образование за периодот 2021-2027 (Erasmus Charter for Higher Education 2021-2027) и доставената апликација за учество во Програмата за мобилност,

 

УКЛО објавува

 

ВТОР ПОВИК

за аплицирање за мобилност во рамките на Е+ Програмата  

КА131: Индивидуална мобилност за учење, Високо образование  

Мобилност на ВОИ во програмски земји

 

 Академска 2022/2023

(зимски семестар/ цела академска година)

– мобилност на студенти за студирање (SMS)

– мобилност на студенти за стажирање (SMP)

Времетраење на мобилноста

  1. Студенти за студирање: семестар / цела академска година (студентите може да реализираат мобилност од збирно 12 месеци по циклус) – на располагање се 80 месеци за распоредување со можност за реализација најдоцна до 31 октомври 2023
  2. Студенти за стажирање: во текот на цел академска година – на располагање се 31 месеци за распоредување со можност за реализаицја најдоцна до 31 октомври 2023

Врз основа на потпишаните Е+ интеринституционални договори со партенрските институции од програмските земји, право на пријавување имаат:

– редовни студенти на прв циклус (со запишан најмалку трет семестар во моментот на започнување на мобилноста), втор или трет циклус за мобилност за студирање, а за стажирање и студенти што дипломирале во годината на објавување на Повикот

Студентите се пријавуваат кај координаторите за Програмата на своите единици за мобилност на странските универзитети врз основа на договорите потпишани од нивните матични институции.

Потребни документи за пријавување

  • Пополнет формулар за пријавување (Student Application Form)

  • Потврда за редовен студент

  • Уверение за положени испити

  • CV (Europass формат)

  • Мотивациско писмо

  • Документ/потврда за познавање англиски или јазикот на институцијата каде што ќе се реализира мобилноста

  • Договор за студирање (Learning Agreement for studies) во којшто се утврдува студиската програма, периодот на реализација, потпишан од страна на студентот, на факултетскиот координатор и институционалниот координатор на матичната институција и од страна на партнерскиот универзитет (најмалку 20 ЕКТС) / Договор за стажирање (Learning Agreement for Traineeship)

Сите документи се достапни на web страницата на УКЛО (www.uklo.edu.mk) во рубриката Меѓународна соработка / ERASMUS +.

Првичната селекција / рангирање на кандидатите ја прави факултгетот врз основа на академскиот успех, познавањето странски јазик и мотивацијата за учество во Програмата.

Кандидатите ја поднесуваат апликацијата до Е+ координаторот на матичниот факултет, најдоцна до 15 март 2022, додека краен рок за поднесување на рангираните апликации од страна на факултетите до Ректоратот на УКЛО е 18 март 2022.

 

 

Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола