Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ – Битола го организира вториот по ред Тениски турнир UKLO OPEN 2024 г.

На турнирот покрај студенти и вработени на УКЛО поканети се и може да учествуваат партнери од КОЛОРС Алијансата и претставници од средните училишта.

Целта е  оваа спортско –  рекреативна активност да се искористи како добра прилика за меѓусебно запознавање и дружење на учесниците и популаризација на УКЛО меѓу матурантите и средношколците воопшто.

Турнирот има рекреативно -забавен карактер и не е потребно искуство за да се учествува.

UKLO OPEN 2024 ќе се одржи на 12 и 13 јуни 2024 г.  во попладневните часови на тениските терени кај Градскиот стадион во Битола.

Пријавувањето е до 10 јуни 2024 г.  на следниот линк, распоредот на натпреварите ќе се објави на 11 јуни.

За учесниците кои немаат своја тениска опрема, тениски рекети ќе обезбедени организаторот.