На 218. конститутивна седница на Универзитетскиот сенат одржана на 30.11.2023 г. по верификацијата на мандатите на сенаторите на УКЛО, во постапка спроведена според законски утврдена процедура, извршен е избор на претседател на Универзитетскиот сенат.

Со тајно гласање, сенаторите му доверија втор мандат на проф. д-р Николче Јанкуловски од Факултетот за биотехнички науки – Битола, функција што успешно ја извршуваше во претходен период од една година.

Постапката за избор на претседател на Сенатот ја спроведе изборна комисија на која присуствуваа најмалку 2/3 од вкупниот број членови на Сенатот. Oд присутните сенатори тој е едногласно реизбран на функцијата претседател на Сенатот на УКЛО, со мандат од една година.

На овој начин, на професорот Јанкуловски му е доверен уште еден мандат да биде на чело на највисокиот орган на управување на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Заблагодарувајќи се за едногласната поддршка, претседателот на Сенатот Николче Јанкуловски ја истакна определбата за синхронизирана работа и интегрирано дејствување меѓу Универзитетскиот сенат, Управата и студентите за поуспешно остварување на програмските цели на УКЛО, зголемување на видливоста и јакнење на севкупните капацитети на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.