По завршувањето на пролетната серија работилници од проектот ,,УКЛО – Неформално учење“, на 25.05.2023 г. на студентите, учесници во проектот, им се доделија пофалници за нивното активно ангажирање на серијата работилници и обуки организирани од Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ – Битола.
Пофалниците им ги врачи проректорката за студентски работи на УКЛО, проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска, која истакна дека проектот започна по барање на студентите кои учествуваа на Универзитетската студентска конференција, а во текот на неговото одржување се покажа дека целта се постигнала. Студентите преку работилниците и обуките се стекнаа со знаења за подобрување на нивните меки вештини кои ќе им помогнат во нивната вработливост и идната професионална кариера.
Во рамките на проектот ,,УКЛО неформално учење“ на студентите им беа понудени два пакета обуки и работилници. Првиот беше ,,Поттикнување на креативност, иновативност, и мотивирачко опкружување за учење“ и вториот ,,Поттикнување на современ истражувачки и содавачки пристап и знаење“.
Настанот се одржа во Студентскиот информативен центар на УКЛО.