Во рамки на активностите од проектот „Дијалог во образование за возрасни (ДИА)“ програма Еразмус+ (КА204), од 06.06.2022 – 07.06.2022 година, во Скопје се одржа последниот транснационален состанок.
Домаќин на настанот беше партнерот во проектот Факултетот за безбедност-Скопје, од УКЛО претставуван од деканот, проф. д-р Никола Дујовски. На состанокот, покрај академски кадри од УКЛО, професорите: Саше Герасимоски (раководител на проектот), Раде Рајковчевски и Весна Трајковска, учестуваа и претставници од сите осум партнерски организации во проектот, од седум држави: Германија, Полска, Данска, Украина, Кипар, Хрватска и Македонија, меѓу кои и Мартин Бартел-координаторот на ДИА проектот од организацијата ЦРН од Берлин .
Во рамки на транснационалниот состанок разгледана е финалната верзија на двата главни производа на ДИА Еразмус + проекот, Електронската книга на мировно образование за возрасни и Дигиталната карта на европскиот градител на мирот.
Учесниците на транснационалниот состанок изразија задоволство од целокупната организација и успешното заокружување на проектните активности во рамките на ДИА Еразмус + проектот, при што е изразена подготвеноста за продолжување на соработката и во идни меѓународни проекти.