Со тајно гласање, на УКЛО  заврши изборот на Ректор.

Проф. д-р Игор Неделковски, редовен професор на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, избран е за ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, со мандат од три години, почнувајќи од 1 октомври 2022 година.

Изборот на ректор на УКЛО се одвиваше на непосредни,тајни и слободни избори од петмина утврдени кандидати според азбучен ред на презимето:

  1. Данчевска д-р Верица, редовен професор
  2. Димовски д-р Злате, редовен професор
  3. Кекеновски д-р Јове, редовен професор
  4. Кочоски д-р Љупче, редовен професор
  5. Неделковски д-р Игор, редовен професор

Изборот на ректор е реализиран во согласност со Законот за високото образование, Стаутот на УКЛО, Роковникот на активности и Упатството за постапката за избор на ректор.

Своето право на глас го искористија 270 од вкупно 280 членови на наставно – научните, наставничкиот и научниот совет на единиците на УКЛО во кои има 21 претставник од студентите.

Во согласност со усвоената процедура на гласање и сумирањето на освоените гласови, Универзитетската изборна комисија прелиминарно констатира дека избраниот кандидат за ректор, проф. д-р Игор Неделковски освои  157 гласови, односно 11,046 поени, наспроти неговите противкандидати: проф. д-р Верица Данчевска со 21 глас или 1,233 поени,  проф. д-р Злате Димовски  со 26 гласови или 1,912 поени, проф. д-р Јове Кекеновски со 32 гласа или 2,316 поени и проф. д-р Љупче Кочоски кој освои 21 глас или 1,493 поени.

Доколку во предвидениот рок од три дена не бидат поднесени приговори од другите кандидати, конечните резултати УИК ќе ги објави на 7 јуни 2022 година.