На Ораторскиот натпревар организиран по повод Денот на Европа – 9 Мај,

Кристијан Вељановски од Факултетот за биотехнички науки – Битола го освои третото место. Tрадиционалниот настан се одржа на 18.05.2023 г. во рамки на Студентскиот собир што ги обединува студентите од сите универзитети во државата, во организација на Европското движење во Македонија. Учесниците ги одмеруваа ораторските вештини на тема:   „Зборувам со Европа“.

Студентот од УКЛО, Кристијан Вељановски е меѓу поактивните членови на  УСС  на УКЛО и член е во Сенатот на Универзитетот. Неговиот ентузијазам и студентски активизам е пример и мотивација и за другите студенти на УКЛО.

Инаку УКЛО на државните ораторски натпревари е редовен учесник. И на последниот настан покрај високиот ораторски успех на Вељановски, доби пофалби за сериозниот академски и организациски придонес како активен чинител на настан по повод Денот на Европа, за  покажаната подготвеност да учествува на манифестации што ја обединуваат Европа, ги негуваат мирољубивоста и високите демократски вредности.