Студентите од Педагошкиот факултет – Битола Ева Нешкоска и нејзиниот колега на втор циклус студии, Антонио Чоневски ги освоија првото и второто место на државниот Ораторски натпревар. На 4.6.2024 година, Европското движење ЕММК, во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер и Центарот за европски студии Вилфред Мартенс од Брисел, организираше настан за одбележување на Денот на Европа. Во целодневниот настан, беше вклучен младински клуб. Манифестацијата опфати и ораторски натпревар на тема, „Младите и демократските вредности: Дали сакам, дали можам и како да бидам активен граѓанин?“ Оратори беа студенти од универзитетите од целата држава.  Ева Нешкоска го освои првото место, а забележителен беше и настапот на студентот Антонио Чоневск. Во врска со наградата Ева Нешкоска изразува задоволство особено заради можноста да ги сподели нејзините идеи, со млади луѓе што се стремат кон квалитетна иднина. Ораторската тема ја поврзала со одговорноста – како млад човек може да биде активен, при што ја истакнала граѓанската активност – дејстување, поткрепено со знаење и критичко мислење, на кое му следи глас. Таа вели дека нејзиниот говор потенцира дека активноста почнува од свеста и информираноста кои нѐ подготвуваат за активност. А зад секоја активност, стои затишје, внимателно следење на она што се случува (или она што не се случува).

Успехот на студентите од УКЛО  е силно поткрепен од менторот, проф. д-р Билјана Граматковски од Педагошкиот факултет – Битола, која е редовен член на жири – комисиите   на ораторскиот натпревар УКЛО ТРИВИУМ. Професорката Граматковски со својот наставен и воннаставенен ангажман е посветена на нагување на оратрството и јавното говорење како уметност .

Инаку, годинашниот државен лауреат во ораторство Ева Нешкоска е студент во четврта година на прв циклус академски студии, на студиската програма Македонски јазик и книжевност и годинава е промовирана во талент на УКЛО. Таа покажува натпросечни резултати во текот на студирањето, активно учествува во настани организирани на Педагошкиот факултет – Битола – трибини, литературни читања, јазични работилници и сл. Нејзината надареност се огледува и во препевот на десетина песни од богатиот опус на  Ацо Шопов на англиски јазик.   УКЛО ја вброи Ева Нешкоска  како еден од авторите на првото Студентско списание УКЛО КОЛОРС, поради нејзините новинарски вештини стекнати преку активностите на студентскиот новинарски клуб, како и поради веќе споменатите преведувачки и толкувачки познавања од македонски на англиски јазик и обратно. Меѓу успесите посебно месо има и нејзината победа на овогодишениот Ораторскиот натпревар УКЛО Тривум кој се одржа во април, каде на дело ги покажа и своите ораторски способности и афинитети.