Како дел од своите активности Универзитетот “Св. Климент Охридски” – Битола на ден 04.02.2023 год. успешно ја реализираше зимската сесија на годишната конференција за презентација на докторски проекти (https://uklo.edu.mk/gkstc-3/). На Конференцијата, заедно со своите ментори и професори,  учествуваа 15 докторанти. Тие ги презентираа своите докторски истражувачки проекти кои треба да прераснат во докторски трудови.

Конференцијата ја отвори проректорот за наука проф. д-р Горан Илиќ, а модератори на сесиите беа д-р Валентина Илиева и м-р Бојан Михајловски.

Новиот ректорски менаџмент на Универзитетот “Св. Климент Охридски” – Битола започна со преземање на повеќе иницијативи кои ќе значат унапредување и интернационализација на годишната конференција, како и отворање на можности за објавување на докторските проекти во посебна секција на меѓународното научно списание “Хоризонти” како издание на Универзитетот “Св. Климент Охридски” – Битола.