Проректорот за наука, проф. д-р Горан Илиќ како претставник од УКЛО учествуваше на вебинар на тема „Responsive and Responsible University“ организиран од Magna Charta Observatory, што се одржа на 19.01.2023 г. со учество на 98 претставници од различни универзитети ширум светот.

Вебинарот го водеше генералниот секретар на Magna Charta Observatory, д-р Дејвид Џ. Лок, а свои обраќања имаа еминентни професори меѓу кои: д-р Гига Зеданија, д-р Крис Бринк и проф. емеритус, Џон Л. Дејвис.

Одговорноста на универзитетите во новиот политички и културен контекст, според проректорот Илиќ е опсервирана интердисциплинарно, во услови кога универзитетите  во практиката се стремат кон стекнување и задржување на довербата од општеството и покрај  нивните различни ограничувања во работата. Меѓу другото, бил ставен акцент и на очекувањата – универзитетите сè понагласено да придонесат за одржливоста и да ѝ бидат од корист на заедницата, при што се аспектирани современите одговорности што ги имаат универзитетите, во една поразлична и покомплексна конотација.

Во рамки на вебинарот била потенцирана и потребата од кредибилна поврзаност меѓу универзитетите и граѓанското општество, неопходна за поддржување на напорите за остварување квалитетна академска работа, со целосно почитување на институционалната автономија.

Универзитетот „Св. Климент Охридски“– Битола во 2013 година стана дел на  престижното семејството Magna Charta Universitatum со 960 потисници од целиот свет.