На 6. Ректорски форум на Југоисточна Европа и Западен Балкан што од 12-13 септември се одржува на Универзитетот во Белград, УКЛО го претставуваат ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски и проректорот за наука, проф. д-р Игор Неделковски.

На овој важен академски состанок ректорите и проректорите од 23 универзитети ги разгледуваат искуствата и предизвиците од меѓууниверзитетската соработка што резултира со потпишување академски меѓуинституционален договор за соработка, во функција на остварување на заедничките цели и интереси за развој на академската и пошироката општествена заедница.

На Форумот, ректорот Коруновски и проректорот Неделковски заедно со колегите ќе дискутираат во врска со имплементацијата на европската стартегија за универзитетите и зајакнување на високообразовните институции.

Воедно, од собирот се очекува да произлезат и предлози за размена на студенти,  постдокторски програми, заеднички дипломи, бази на податоци и други активности во рамки на функционалното поврзување и соработка во областа на образованието, науката, истражувањата и трансферот на знаења.