На меѓународната научна конференција „Човекови права и пристап до правда за најмаргинализираните заедници – теорија и пракса“ активно учествува и Правниот факултет – Кичево, со неколку професори во чија научна опсервација е проблематиката со човековите права.
Од име на Универзитетот на значајниот собир се обрати проректорот за наука, проф. д-р Горан Илиќ. Тој ја потенцира една од стратегиските цели на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и еден од приоритите во идниот развој – фокус кон научно-истражувачката работа и интернационализацијата на УКЛО.
Во врска со континуираното промовирање на науката, научните искуства и сознанија, проректорот Илиќ се осврна кон местото и на Правниот факултет, единица на УКЛО да демонстрира висок степен на посветеност во научно- истражувачката работа и активно учество на академски настани со меѓународен префикс.
Меѓународната научна конференција за човековите пава се одржува од 18 – 19 мај 2023 г. во Охрид.