Антонио Чоневски од Педагошкиот факултет – Битола e најдобриот оратор на УКЛО ТРИВИУМ, што се одржа на 6 мај 2022, во организација на УСС УКЛО.

Второто место го освои Јасна Талевска од Педагошкиот факултет – Битола и трето место ѝ припадна на Стефани Мирчевска од Високата медицинска школа – Битола.

На УКЛО ТРИВИУМ учество зедоа десетина студенти од скоро сите единици на УКЛО. Нивните ораторските говори беа по слободен избор. УКЛО УСС на овој начин им даде можност на учесниците, низ сопствена тема да разработат проблематика која ја сметаат за блиска и соодветна за младите луѓе за да може  да ги пренесат нивните идеи и да ги искажат гласно своите визионерски и авангардни  погледи.

УСС и Универзитетот обезбедија и парични награди за најдобрите и тоа, за прво место 6000 денари, второ место 4000 денари и трето место 3000 денари.

Според Симона Наумовска, студентскиот лидер на УКЛО, УКЛО ТРИВИУМ е убав студентски и универзитетски настан што се одржува во рамки на одбележувањето на Денот на основањето на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.