,,Почитувани студенти,

Како резултат на зголемениот обем на работа и потребата за вработување на млади лица со солидно познавање на англиски јазик, Компанијата Taskforce BPO Битола, во соработка со Центарот за кариера, алумни и доживотно учење на УКЛО и Педагошкиот факултет – Битола, организираат настан со претставници на одделот за човечки ресурси на Компанијата Taskforce BPO Битола, на којашто ќе можете директно да се запознаете со начинот  за вработување во Customer Care дивизијата, да слушнете нешто повеќе за компанијата, за нејзиниот успех како и можноста за испраќање на апликација и директно интервју за вработување”.

 

Компанијата Taskforce BPO, е компанија која вработува млади лица и која е рангирана како најдобра компанија за млади чиј број на вработени во моментов е над  1200.

 

Настанот ќе се одржи во просториите на Педагошкиот Факултет-Битола на ден 27.04.2022 (среда) со почеток во 11 часот.